СКОПЈАНЕЦ КИДНАПИРАН ПОРАДИ НЕРАСЧИСТЕНИ СМЕТКИ Насилникот заврши во притвор

Т.Ј.(56) поради нерасчистени должничко-доверителски односи, околу 1.30 часот на 8.2.2025 со употреба на сила влегол во домот на М.Б.(51) од Скопје, го нападнал и со закана го однел во неговиот дом, каде продолжил со заканите, соопшти полицијата.

909

Скопјанец завчера бил киднапиран од друг скопјанец. Киднаперот првин провалил во домот на жртвата, а потоа се заканувал со цврст предмет.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ј.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело грабнување. Тој, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, околу 1.30 часот на 8.2.2025 со употреба на сила и погоден алат влегол во домот на М.Б.(51) од Скопје, физички и со тврд предмет го нападнал и со закана го однел во неговиот дом, каде продолжил со заканите. Подоцна, М.Б. успеал да избега и настанот го пријавил во полициска станица“, соопшти полицијата.






По преземените мерки полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Ј. во 15.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров.

„Потоа, бил извршен претрес во неговиот дом, од каде бил подигнат доказен материјал. По консултација со јавен обвинител, против Т.Ј. е поднесена кривичната пријава, а од судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти полицијата.

 

Поврзани содржини