ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОЧНУВА ПРОДАЖБА НА ДРЖАВНИ КОМЕРЦИЈАЛНИ СТАНОВИ Колку ќе чини 1 метар квадратен?
Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, потенцираше дека сегашната цена е превисока за животниот стандард на граѓаните и затоа државата ќе се обиде да интервенира преку изградба на комерцијални станови.
Oд понеделник ќе започне продажба на државни комерцијални станови каде што 1 метар квадратен ќе чини 1.000 евра. Како што викендов најави министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, во Скопје ќе се градат 4 комерцијални згради, а во Охрид и во Штип по една.
– Во Битола од понеделник започнуваме со продажба на државни комерцијални станови по 1.000 евра за метар квадратен. Се обидуваме силно да интервенираме врз цената на пазарот на недвижности – истакна Николоски во телевизиско интервју.
Тој потенцираше дека сегашната цена е превисока за животниот стандард на граѓаните и затоа државата ќе се обиде да интервенира преку изградба на комерцијални станови.
– Моментaлно цената на комерцијaлни станови во неколку градови галопира, во Битола направивме интервенција и од понеделник почнуваме со продaжба на станови по 1.000 евра за метар квадратен за стан, по 500 евра метар квадратен за гаража што е далеку пониска цена отколку што сега е во Битола. Во Скопје ќе почнеме да работиме на 4 згради, во Охрид имаме активен повик за една, во Штип бараме локација, така што на овие 4 места каде цената најмногу галопира, ќе се обидеме да ги намалиме цените на пазарот со наша интервенција. Сегашните цени на ниеден начин не одговараат на нашиот стандард, младите брачни двојки едноставно не можат да најдат сопствен дом, а по цена од 2.500-3.000 евра за квадрат никој не може да купи стан со овој стандард. Дополнително работиме на 5 социјални згради низ државата – рече вицепремиерот Николоски.