📽️ 📷 ИЗРАЕЛКАТА СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО ПРЕЖИВЕА 477 ДЕНОВИ ВО ЗАРОБЕНИШТВО Наама Леви се врати дома откако беше ослободена од Хамас
На видеото што го објави израелската армија, Леви напиша на табла: „Конечно дома“, на англиски и хебрејски јазик.
Наама Леви, Израелка со македонско потекло, беше ослободена од Хамас по 477 дена поминати во заробеништво и се врати во Израел. Таа беше дел од групата четири заложнички кои вчера беа ослободени, а нејзиното спасување ја трогна целата земја.
❤️ Naama Levy is home! ❤️
We all know her from one of the most famous videos from October 7th 2023Today, after 477 days, Naama finally embraced her family again!
Here’s a recap of her story 🧵👇 pic.twitter.com/UTCxlqA8qN
— Hamas Atrocities (@HamasAtrocities) January 25, 2025
Леви, која беше киднапирана на 7 октомври 2023 година при нападот на Хамас во Израел, конечно се врати дома благодарение на напорите на израелските власти и поддршката од меѓународната заедница.
– Возбудена сум. Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома – изјави роднина на ослободената заложничка.
По ослободувањето, Леви и другите заложнички беа пренесени со хеликоптер на израелската армија, каде што први ги сретнале нивните најблиски роднини. На видеото што го објави израелската армија, Леви напиша на табла: „Конечно дома“, на англиски и хебрејски јазик.
Македонската врска на Леви потекнува од нејзината чукун баба, Грасиа Бивас, која била родена во Македонија во 1893 година. Баба Бивас, како девојче заминала во Израел, каде што основала семејство и оставила наследство.
Представници од еврејската заедница од Македонија, како и претставници од роднините на Леви, изразија благодарност за поддршката од македонските власти и нивниот активен ангажман во процесот на нејзино ослободување, врз основа на нејзиното македонско потекло.