СКОПЈАНИ МАСОВНО ГО ОДБЕЛЕЖУВААТ ВОДИЦИ Теодор Јовевски го фати светиот крст во Вардар

Јовевски рече дека првпат се фрла по крстот и се надева дека ќе му донесе среќа.

457

Теодор Јовевски го фати светиот крст што владиката Јосиф го положи во водите на реката Вардар во центарот на Скопје.

Јовевски рече дека првпат се фрла по крстот и се  надева дека ќе му донесе среќа.






Одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Скопје почна во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што чиноначалствуваше владиката Јосиф. По завршување на литургијата владиката Јосиф, заедно со свештенството во поворка се упати кон мостот Слобода, од каде го положи крстот во реката Вардар.

Годинава во Скопје беа пријавени над 220 граѓани за фаќање на крстот.

Поврзани содржини