НЕ МОРА ДА Е ДРВЕНА, ВАЖНО ДА Е ЧИСТА Земањето мед со дрвена лажица е дезинформација

Дали е време да заборавите на дрвената лажица кога станува збор за оваа нутритивно вредна храна? Експерти за мед ја разбиваат заблудата и кажуваат кои материјали се препорачливи за оваа намена.

290

Медот е уште одамна ценет како природен лек и нутритивно богата храна, а неговите љубители често се прашуваат дали е важно каков прибор користиме кога го консумираме.

Дрвените лажици одамна се препорачуваат за земање мед со тврдење дека металниот прибор може негативно да влијае на неговите својства.






Дали е ова научно заснован факт или само заблуда?

Еве што велат за ова на порталот Food facts:

„Вистината е дека медот не мора нужно да се јаде со дрвена лажица“, вели д-р Марин Ковачиќ од Факултетот за агробиотехнички науки во Осиек, Хрватска, објаснувајќи дека дрвото може да ја апсорбира влагата од медот или да се контаминира доколку не се исчисти правилно и не се исуши по употребата.

Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини