СЕ ВРАТИ ВОЗОТ ЗА ГЕВГЕЛИЈА Од денеска стартува уште една линија до овој град

Враќањето на втората линија е овозможено откако локомотивата „МЖ 642 180“, по подолго време, повторно е ставена во функција.

516

Од денеска е вратена уште една железничка линија, Скопје – Гевгелија – Скопје.

Со новиот возен ред, кој е со важност од денеска, покрај едната патничка линија Скопје – Гевгелија во 16.55 часот, „Македонски железници – Транспорт“ повторно ја врати линијата Скопје – Гевгелија во 6.20 часот и  во обратна насока, во 4.30 и во 17.02 часот.






Враќањето на втората линија е овозможено откако локомотивата „МЖ 642 180“, по подолго време, повторно е ставена во функција.

Поврзани содржини