ВО ЊУЈОРК ЌЕ СЕ ОДИГРА ФИНАЛЕТО НА СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО ВО 2026 ГОДИНА Отварањето ќе биде во Мексико Сити

Тоа ќе биде прво Светско првенство со 48 репрезентации, што е за 16 повеќе од досегашните 32.

238

Њујорк ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД, Канада и во Мексико.

Тоа ќе биде прво Светско првенство со 48 репрезентации, што е за 16 повеќе од досегашните 32.






Мундијалот ќе се игра во вкупно 16 градови, од кои 11 американски: Сиетл, Сан Франциско, Лос Анџелес, Канзас Сити, Далас, Хјустон, Атланта, Бостон, Њујорк Сити, Филаделфија, Мајами, три мексикански: Гвадалахара, Монтереј, Мексико Сити и во два канадски града: Ванкувер и Торонто.

Отворањето на Мундијалот е на 11 јуни 2026 година на Естадио Ацтека во Мексико Сити, додека финалето е на 19 јули на Метлајф стадионот во Њујорк.

Европа ќе има 16 претставници на СП, Африка 9, Азија 8, Јужна Америка 6, Конкакаф 3 + 3 (домаќин), Океанија 1, а уште 2 репрезентации ќе се пласираат преку плејоф.

Поврзани содржини