„К-15“ СЕ ВРАЌААТ НА ЕКРАНИТЕ! Поминаа 30 години од првата сезона

Во објавата на Фејсбук и Инстаграм се вели дека хумористичната емисија официјално се враќа пред гледачите.

1,316

Легендарната хумористична емисија „К-15“ составена од триото Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров се враќа на ТВ-екраните наскоро.

По повод 30 години од првата сезона, оваа информација денеска на Инстаграм и на Фејсбук ја сподели Бранко Огњановски, попознат како Миле Паника.






„Официјално: „К-15“ се враќа! Следете нè за повеќе инфо наскоро“, напиша Бранко на својот инстаграм-профил.

Освен кратката објава, засега нема детали околу враќањето на хумористичната ТВ-емисија.

Поврзани содржини