РАДЕВ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ШЕЌЕРИНСКА ЗА ФУНКЦИЈАТА ВО НАТО Бугарскиот претседател се надева на нејзиниот придонес во Алијансата

Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата, напиша бугарскиот претседател на социјалната мрежа Икс.

1,474

Бугарскиот претседател Румен Радев преку социјалната мрежа Икс и го честиташе назначувањето на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО.

„Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата“, напиша Радев.






Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шеќеринска за негова идна заменичка.

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шеќеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога“, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата.

Поврзани содржини