ТАЈНА СНИМКА, ОБВИНИТЕЛСКА КАВГА, НОВИНАРКА ВО ГЛАВНАТА РОЛЈА Новинарските здруженија кренаа врева откако Мирослава Симоновска јавно кажа дека таа е заматениот лик на прилогот на Канал 5

Хајрулахи вчера реагираше дека извештајот од извршената контрола врз Вишото јавно обвинителство стигнал во јавноста пред да биде испратен во институцијата која била предмет на контрола.

2,844

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразија сериозна загриженост поради, како што нагласуваат, последното прекршување на основните права на новинарката Мирослава Симоновска, поради неовластеното снимање и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документ.

„Видеото кое беше проследено до национална телевизија од шефот на Вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи, отвора сериозни прашања за приватноста, незаконското следење и правата на новинарите во Македонија. Објавата на незаконски снимено видео од новинарката Мирослава Симоновска ја нарушува нејзината приватност и нејзините основни права без разлика што објавениот видео материјал е со заштитени идентитети. Секој новинар има право слободно да се движи и да комуницира со граѓани без страв од незаконско следење или нарушување на приватноста“, се наведува во соопштението.






Што всушност се случи?

Хајрулахи вчера реагираше дека извештајот од извршената контрола врз Вишото јавно обвинителство стигнал во јавноста пред да биде испратен во институцијата која била предмет на контрола. Според него, целта на ваквата постапка е да се оцрни тој како обвинител и институцијата која ја води.

Хајрулахи тврди дека поседува информациите и видео од предавањето на документите, кои претходно ги достави и до Канал 5, а ги добил од свиркач. Тоа лице, како што вели, му посочило дека тие биле предадени од член на семејство на високопозициониран јавен обвинител на друго лице кое не е од обвинителската фела.

-Денеска ќе ви доставам ЦД со видео материјали со видео материјали на кое ЦД се гледа како еден женски лик на друг женски лик дава папка со информации кои што потекнуваат од Јавното обвинителство. Не препознавам никого на видеото, но од свиркачот ми е кажано дека станува збор за член на семејството на еден високопозициониран јавен обвинител, за кој јавен обвинител станува збор? Не смеам да кажам, тоа истражните органи ќе го докажат – вели Мустафа Хајрулахи за Канал 5.

Харјлухаи посочи дека материјалите ќе ги достави до надлежните институциции од кои очекува да го расчистат случајот, со цел да биде заштитена институцијата и тој како шеф на вишото обвинителство.

– Секако ќе ги доставам до МВР, нека си поведе постапка, нека работи до сличајот, и истото да биде доставено и до ОЈО со цел да се види лицето кое ги дава материјалите, од каде му се истите – вели Хајрулахи.

Хајрулахи во изминатиот период беше присутен во јавноста откако јавно го обвини шефот на Републичкото јавно обвинителство Љупчо Коцевски дека вршел директен притисок врз него, во насока да биде внимателен каква одлука ќе донесе за предметот со бонусите на СЈО и во истиот да не се дава својство на оштетен на  ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа, тој смета дека извршената контрола во Вишото обвинителство е производ на организирана хајка и притисок врз него.

Инаку, на видеото кое го објави телевизија Канал 5, двата лика се заматени.

По објавата на телевизискиот прилог, се огласи новинарката Мирослава Симоновска од „Слободен печат“ која јавно соопшти дека таа е на снимката.

„На ова видео има дел од снимка снимена во кафичот „Пјаца де торос“ во ГТЦ на кеј, каде седев со другарка. Лицето кое ги прима материјалите во видеото сум јас. Материјалите, наспроти изнесеното во прилогот не се извештајот од спроведената контрола во Вишото јавно обвинителство. Извештајот го немам. Демнење новинари од страна на некој кого виш јавен обвинител го нарекува свиркач е дното на Македонија и се надевам дека ќе се најде во извештајот на ЕУ за следната година за тоа колку сме напреднале. Не следите само македонски граѓанин, туку и американски државјанин да ве потсетам, знаејќи дека таа држава ќе ми даде многу поголеми права и слободи и ова сериозно ќе го сфати“, напиша новинарката Симоновска.
Поврзани содржини