ХОРОР ВО БЕЛГРАД Си го застрелал синот во стомак, а сопругата во нога, па се обидел да се самоубие
Полициска патрола од Нов Белград го уапсила налудничавиот напаѓач.
Ужасен хорор денеска ја потресе белградската населба Бежанијска Коса кога маж си ги застрелал синот и сопругата.
Според неофицијални информации, инцидентот се случил денеска околу пладне кога мажот, чијшто идентитет не се соопштува, пукал во правец на сопругата и на синот и ги ранил двајцата, пренесува српски Блиц.
– Синот е застрелан во стомакот, а жената во ногата – изјавил извор кој е запознаен со настанот.
По инцидентот полициска патрола од Нов Белград го уапсила налудничавиот напаѓач.
– Во таа прилика се обиде да се самоубие, но полицајците го спречија во тоа – нагласува изворот.