TОЈ ЌЕ НЀ ПРИНУДУВАЛ НА МИР СО НЕГОВИОТ ПЛАН Зеленски направи фатална грешка и ќе трпи последици, се закани Песков

Песков рече дека Русија сака мир, но дека прашањето не може да се реши насила.

949

Русија соопшти дека планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја принуди Москва на мир е фатална грешка за која Киев ќе ги трпи последиците.

Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека војната меѓу Русија и Украина не може да се запре само преку преговори, туку дека Москва мора да биде принудена да постигне мир.






– Таквиот став е фатална грешка, системска грешка. Тоа е длабока заблуда која неизбежно ќе има последици за режимот во Киев – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков рече дека Русија сака мир, но дека прашањето не може да се реши насила.

– Позицијата заснована на обид да се принуди Русија на мир е апсолутно фатална грешка бидејќи е невозможно да се принуди Русија да постигне мир – додаде тој и нагласи дека Русија поддржува мир, но дека за тоа ѝ се потребни гаранции.

Рускиот претседател, Владимир Путин, во јуни изјави дека Русија ќе стави крај на војната во Украина само доколку Киев се откаже од своите аспирации за членство во НАТО и целосно ги предаде четирите провинции што ги поседува Москва, услови кои Киев бргу ги отфрли и ги окарактеризираше како услови еднакви на предавање.

Украина и нејзините западни сојузници тврдат дека победата на Путин во војната треба да биде спречена бидејќи, доколку не се запре, ќе им се закани на другите земји од соседството.

 

Поврзани содржини