КАКО ДА ДОБИЕТЕ КУПОН ЗА БЕСПЛАТНО ШМИНКАЊЕ ВО ДМ? Професионални шминкери ве очекуваат во дрогериите на дм
Љубители на убавината, дали сте подговтени да се нурнете во светот на магијата и шминката? Со купување на шминки и додатоци за шминкање над 1.900 денари, во одредени dm дрогерии ќе добиете купон за бесплатно професионално шминкање!
Убавата шминка не е само начин да се истакнете, туку и да ја изразите самодовербата и креативноста! Без разлика дали се подготвувате за специјален настан или само сакате да се чувствувате прекрасно во својата кожа, dm советниците за убавина ќе направат да заблескате!
Што треба да направите?
– Купете шминки и додатоци за шминкање во вредност од 1.900 денари и добијте купон, во некоја од овие дрогерии: dm ГТЦ, dm City Mall, dm Куманово и dm Битола.
- Одберете ја дрогеријата каде сакате да ја добиете услугата бесплатно професионално шминкање, јавете се на наведениот телефонски број и закажете термин;
– Термините за бесплатно шминкање можете да ги закажете само во наведените дрогерии, во среда, петок и сабота, најмногу 60 дена од добивање на купонот;
- На закажаниот термин задолжително понесете го купонот, заедно со фискалната сметка или сметкопотврда.
Што да очекувате?
– Персонализиран пристап: dm советниците за убавина ќе се запознаат со вашите желби и потреби, создавајќи уникатен изглед само за вас;
– Квалитетни производи: Сите производи кои се користат се со висок квалитет, што значи дека вашата шминка ќе изгледа прекрасно и ќе трае долго;
– Совети и трикови: Додека ве шминкаат, советниците за убавина ќе споделат со вас корисни совети за нега на кожата и шминкање, за да можете да се чувствувате и изгледате прекрасно и дома!
Не пропуштајте ја оваа неверојатна можност да се чувствувате и изгледате прекрасно! Вашата убавина заслужува да биде истакната, а dm e тука да ви помогне во тоа!