ПУСТ ДА Е ПУСТ ДА БИ ОСТАНАЛ ЖИВОТОТ ИНФЛУЕНСЕРСКИ Како детството стана најскапата содржина?

Во изминатите десет години, од подемот на комерцијализацијата, беа снимени бројни документарни филмови во кои децата отворено зборуваат за тоа како се бореле со анксиозност, промени во расположението или се соочиле со насилство на училиште бидејќи растеле под будното око на голем број непознати луѓе.

340

Денес е вообичаено младите да ги документираат своите успеси и неуспеси на Интернет, оставајќи дигитална трага што ги следи од платформа до платформа низ годините.

Но, родителите на некои деца споделуваат повеќе од пофалби за медал освоен на училишен турнир или фотографии од одење на училиште.






Наместо тоа, интимните детали од нивните животи се пренесуваат онлајн.

Родителите како продуценти на нивното лично „Труман шоу“ ги бележат сите човечки слабости, од првите изливи на емоциите на нивните деца, до тоа како ги дисциплинираат.

Таа содржина се споделува, а понекогаш и се монетизира без нивна согласност.

Некои деца на инфлуенсери кои се снимани од раѓање не го познаваат животот без камера, а понекогаш обезбедуваат приходи за целото семејство.

Пример се седуммесечните идентични близнаци кои се заслужни за успехот на нивните родители на YouTube, чиј канал „Kyler and Med“ има околу три милиони претплатници.

Рекламирањето на семејниот канал на YouTube чини помеѓу 25.000 и 50.000 долари. Близнаците Тејтум и Окли веќе рекламирале автомобилски седишта на Инстаграм на двегодишна возраст. Кајлер Фишер, таткото на близнаците, тогаш изјавил дека спонзорирана објава на профилот на девојчињата чини помеѓу 10.000 и 20.000 долари.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини