АЛЕРГИЧНА НА СОПСТВЕНАТА МЕНСТРУАЦИЈА! Еве кои се симптомите на пречувствителност на прогестерон
„Беше ужасно. Знаев дека сум алергична на нешто, но немав поим на што“, вели Британката Џорџина Џели која после бурните алергиски реакции кои ги доживувала секој месец открила дека е алергична на сопствениот менструален циклус.
На Британката Џорџина Џели (28) во април 2024 година ѝ ставиле спирала, а само три недели подоцна почна да доживува чудни симптоми. Имала чешање и печење на очите, главоболки и осип.
Лекарот ѝ препишал орални стероиди и антихистаминици и нападот поминал за неколку дена.
Три недели подоцна, таа доживеала уште една алергиска реакција – но овој пат со посериозни симптоми.
Оваа мајка на едно дете имала толку многу болки што брзо била упатена на очен специјалист и била подложена на дополнителни тестови за да се утврди причината.
По обемните тестови, вклучително и МРИ, Џорџина почна да губи надеж дека ќе добие дијагноза. Дури кога сфатила дека нејзините алергиски реакции се случувале секогаш кога имала менструација, почнала да ја истражува својата хиперсензитивност на прогестерон (PH).
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.