ДВЕ СРПСКИ АМБАСАДИ ДОБИЈА ЗАКАНИ ЗА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ Станува збор за екстремни сепаратисти од косовската дијаспора, тврди Ѓуриќ

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуркиќ, додаде дека според првичните информации, тие закани доаѓаат од „екстремни сепаратистички кругови на дел од дијаспората од Косово односно од лица од албанска националност“.

359

Амбасади на Србија во две големи европски престолнини во изминатите 24 часа добија закани дека ќе бидат цел на терористички напади, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ.

Како што јави Н1, тој додаде дека според првичните информации, тие закани доаѓаат од „екстремни сепаратистички кругови на дел од дијаспората од Косово односно од лица од албанска националност“.






– Во соработка со другите европски безбедносни власти, работиме на спречување и отстранување на тие закани, но ова го споменувам затоа што некој од Приштина со години систематски работи на создавање клима во која е прифатлив напад врз се што е српско – изјави Ѓуриќ за ТВ Пинк.

Тој истакна дека не сака да изнесува детали без консултација со безбедносните органи бидејќи, како што рече, не сака да ја влоши ситуацијата, но оти може да каже дека утринава се зголемени безбедносните мерки во дел од српските дипломатско-конзуларните претставништва во Европа.

Поврзани содржини