НАУЧНИЦИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА МОЖЕБИ ОТКРИЛЕ ШОКАНТНА ПРИЧИНА ЗА АУТИЗМOT Се чини дека ова е дел од сложувалката – аутизам
Вообичаениот пластичен додаток, кој се наоѓа во сè, од цуцли до метални конзерви со храна, па дури и во хартиени салфети, е поврзан со зголемен ризик од аутизам кај момчињата.
Новата студија која го следела развојот на повеќе од 600 доенчиња покажала дека повисоките нивоа на бисфенол А (БПА) во урината на бремената мајка повеќе од тројно ја зголемуваат шансата момчето да развие симптоми на аутизам до двегодишна возраст.
Истите тие момчиња имале шест пати поголема веројатност да бидат дијагностицирани со аутизам до 11-годишна возраст, во споредба со оние чии мајки имале пониски нивоа на БПА за време на бременоста.
Што е БПА?
БПА е хемикалија наменета за стврднување на пластиката и спречување на рѓосување на металот, а исто така е поврзана со поголем ризик од дебелина, астма, дијабетес и срцеви заболувања.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.