📷 „КОЖУВЧАНКА“ ДОНИРАШЕ 15.000 ЛИТРИ ВОДА ЗА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО Ситуацијата со пожарите не нѐ остава рамнодушни, велат од компанијата
Ситуацијата со пожарите низ цела држава во која веќе подолг временски период се наоѓаме не нѐ остава рамнодушни, велат од компанијата „Кожувчанка“.
Компанијата „Кожувчанка“ денеска итно испрати 15.000 литри вода донација на Општина Пехчево, каде што е најкритична состојбата со шумските пожари.
„Ситуацијата со пожарите низ цела држава во која веќе подолг временски период се наоѓаме не нѐ остава рамнодушни. Последниот пожар кој го зафати Пехчево и околината го остави овој крај и без вода за пиење. Кожувчанка ДОО денеска итно испрати 15.000 литри вода донација на Општина Пехчево“, соопшти компанијата.
Во продолжение, погледнете ги фотографиите: