МАЛИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ХРАНА, ГОЛЕМИ ВИЗИИ И УНИКАТНИ ПРИКАЗНИ Туристите и домаќините на заедничка трпеза во најубавиот македонски бисер

Кога станува збор за Охрид, ние, од Арт кујна, навиваме за што повеќе настани полни со гурмански залчиња и голтки како овој, трет по ред „Вкуси го Охрид“, проследен со убава народна музика, наместо оној лош турбо-фолк и турбо-поп кој инаку, одекнува низ најубавиот македонски бисер.

279

Не ги знаевме баш сите производители на чиста, здрава и правична храна кои викендов се собраа во Охрид на третото издание на настанот „Вкусете го Охрид“, во организација на Слоу фуд Охрид, ама тие што ги знаеме и за кои веќе сме пишувале, секогаш не изненадуваат и не радуваат со нешто ново, нешто интересно, нешто несекојдневно и дефинитивно, успешно и вкусно.

Викендов, поточно, на 27-ми јули, на плоштадот на Долна Порта, 25 производители ги наредија на своите импровизирани пултови своите вкусни домашни производи и иако изморени, некои од тоа што правеле и доправале, пакувале и товареле во своите автомобили до 3 наутро, за веќе во 7 да тргнат на пат кон Охрид, други пак, оние домашните (охриѓаните), исто така изморени од месење, печење, гмечење и пакување до доцна во ноќта, беа сепак среќни, возбудени, но и задоволни со есапот од продажбата, разменетите контакти, информации, нови познанства и стари пријателства.






Целиот текст побарајте го на „Арт кујна“.

Поврзани содржини