НЕТО НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ ИЗНЕСУВА 4,35 МИЛИЈАРДИ ЕВРА 62 отсто од овој долг е приватен

На крајот на март од 2024 година, бруто надворешниот долг изнесува 11,789 милијарди евра што е  81% од проектираниот БДП  и бележи квартално зголемување од 327 милиони евра (или за 2,9%). 

212

Заклучно со 31 март нето надворешниот долг на државата изнесува 4,35 милијарди евра или 29,9% од проектираниот БДП.

– Нето надворешниот долг на земјата, во првиот квартал од 2024 година, е намален за 109 милиони евра, или за 2,4 %. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 62%. тој изнесува  5,963 милијарди евра, нето –  информира централната банка.






Во текот на првиот квартал од годинава, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 6 милиони евра и изнесува 8,506 милијарди евра, односно 58,4%од проектираниот БДП за годинава.

Најголемиот дел од овој износ, или 87%, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, од кои 72% се врз основа на сопственички капитал.

(Меѓународната инвестициска позиција (МИП) претставува статистички извештај којшто ги прикажува состојбите на надворешните финансиски средства и финансиски обврски на Република Северна Македонија на определен датум, т.е. побарувањата од и обврските кон нерезиденти врз основа на финансиски инструменти. Притоа, негативната нето меѓународна инвестициска позиција значи дека финансиските обврски ги надминуваат финансиските побарувања од нерезидентите).

На крајот на март од 2024 година, бруто надворешниот долг изнесува 11,789 милијарди евра што е  81% од проектираниот БДП  и бележи квартално зголемување од 327 милиони евра (или за 2,9%).

На крајот на првиот квартал од 2024 година бруто надворешните побарувања изнесуваат 7,440 милијарди евра (или 51,1% од проектираниот БДП) и забележаа квартално зголемување од 436 милиони евра (или за 6,2%).

– Оваа квартална промена е резултат на зголемениот приватен долг (за 79 милиони евра) и јавен долг (за 39 милиони евра). Растот на приватниот долг се должи на зголемениот долг на капитално поврзаните субјекти (за 116 милиони евра) и на небанкарскиот приватен сектор (за 100 милиони евра), при намален долг на
приватните банки (за 136 милиони евра). Кварталното зголемување на јавниот надворешен долг е резултат главно на растот на долгот на секторот „држава“ за 28 милиони евра и на јавните банки и јавните претпријатија (за 8 милиони евра) – велат од НБ.

Поврзани содржини