Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, до 39 степени,со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопјевремето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со максимална температура до 37 степени. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.