СРБИЈА ИЗВЛЕЧЕ БОД ПРОТИВ СЛОВЕНИЈА НА ЕУРО 2024 Србите се спасија со гол во судиското продолжение
Србија се спаси од пораз во завршницата откако Јовиќ по нафрлената топка од корнер со глава го совлада Облак во петтата минута од судиското продолжение.
Репрезентации на Србија и Словенија одиграа попладнево нерешено 1-1 во Минхен, во натпревар од второто коло во групата Д на Европското фудбалско првенство ЕУРО 2024.
Словенците беа на чекор до победа откако со голот на Камичник во 69 минута поведоа со 1-0 и беа во предност до завршните секунди од натпреварот. Но Србија се спаси од пораз во завршницата откако Јовиќ по нафрлената топка од корнер со глава го совлада Облак во петтата минута од судиското продолжение.
Ремито ги остави двете репрезентации во игра за пласман во осминафиналето од групата Д во која вечерва играат Англија и Данска.