ДОСТА ВЕЌЕ СО ПРЕДРАСУДИ ОКОЛУ „СВЕКРИВИТЕ“! 10 знаци дека мајката на вашиот сопруг ве обожава

Не знам од каде точно доаѓа зборот снаа. Велат дека, најверојатно, потекнува од индоевропскиот облик snusos, кој означува еден вид на поврзување, создавање на нови семејни односи. Тоа и не е лошо, ама затоа потеклото на зборот свекрва кажува сѐ. Се верува дека настанал од она: „крива за сѐ“.

259

Од секогаш сум се плашела од времето кога и јас ќе ја понесам оваа глупава титула.

И денес, кога сум свекрва веќе шеста година по ред сѐ уште ми е проблем да ја изговорам.






Исто како што ми е глупо и кога треба да кажам „снаа ми“.

Па си има име девојчето, зошто би ја викала така?!

И искрено, ама најискрено, понормално би ми било да кажам „ќерка ПО син“, отколку снаа.

Ама сите би ме гледале онака потсмешливо и накриво, со поглед кој вели: ај не глуматај!

Знам, сум се уверила, затоа и се воздржувам па ја викам по име кога зборувам со оние кои ѝ го знаат името.

Не знам од каде точно доаѓа зборот снаа. Велат дека, најверојатно, потекнува од индоевропскиот облик snusos, кој означува еден вид на поврзување, создавање на нови семејни односи.

Тоа звучи убаво, па затоа и ми е лесно да го изговорам кога ја спомнувам во разговор со некој за кој не сум сигурна дека ја знае.

Ама затоа потеклото на зборот свекрва кажува сѐ.

Се верува дека настанал од она: „крива за сѐ“.

Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини