НЕМАМЕ ДРУГА АЛТЕРНАТИВА ОСВЕН ВЛЕЗ ВО ЕУ Ќе ги зајакнеме односите со Грција, порача Таравари

468

Претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, заедно со пратениците Халил Снопче и Мимоза Муса денеска се сретнале со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападополу и со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду.

На средбата, соопштија од АА, соговорниците се согласиле за важноста на имплементацијата на меѓународни договори кои веќе се усвоени, и покрај тоа што во двете земји има одредени кругови кои не се согласуваат со тие договори, нивното спроведување треба да биде задолжително.






„Таравари нагласил дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен влез во ЕУ, а новата влада максимално ќе се посвети на европскиот пат и на зајакнување на односите со Република Грција, како мошне важен партнер на Северна Македонија“, се вели во соопштението од АА.

Поврзани содржини