НЕТАНЈАХУ САКА ТАЈНО ДА ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА? Тројца високи воени функционери се сложуваат за едно нешто во врска со Газа

Тројца високи воени функционери се свесни дека секоја реална кампања за искоренување на контролата на Хамас во Газа ќе трае со години и може да се преземе само откако безбедносните сили на палестинската управа ќе можат да почнат да ја преземаат контролата врз областа. Тие се загрижени и за заморот на израелската армија. Од друга страна, причините зошто премиерот Бенјамин Нетанјаху сака да ја заврши војната се лични и политички, се вели во колумната.

233

Израелската армија постигнала 80 отсто од своите цели во Газа, а останатите 20 отсто може да чекаат, се согласуваат три високи воени функционери во Израел. Колумнистот Аншел Фафер во текст за израелскиот весник „Хаарец“ напиша дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и генералите сакаат да ја прекинат војната, но бараат начин тоа да го направат тајно.

Сепак, мотивите на Нетанјаху за завршување на војната се различни од оние на генералите и се лични и политички, вели колумнистот.






„Израелскиот премиер во моментов е подготвен да ја разгледа опцијата за завршување на војната, иако – од очигледни политички причини – не може да го каже тоа“, се вели во текстот.

Истото важи и за двајцата членови на Воениот кабинет, Бени Ганц и Гади Ајзенкот, кои јавно велат дека војната мора да продолжи по кратка пауза поради договорот за заложници.

Според Фафер, началникот на Генералштабот Херци Халеви ја дели истата позиција како Ганц и Ајзенкот, што им го посочил на семејствата на заложниците што ги сретнал пред две недели. Тој рече дека армијата „постигнала 80 отсто од своите цели во Газа“, а останатите 20 отсто може да чекаат.

Според весникот, тројцата воени функционери се свесни дека секоја реална кампања за искоренување на контролата на Хамас во Газа ќе трае со години и може да се преземе само откако безбедносните сили на палестинската управа ќе можат да почнат да ја преземаат контролата врз областа.

А за такво нешто треба време и нова влада во Израел. Министрите Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич прават сè што е во нивна моќ да го спречат тоа да се случи додека тие се министри.

Ганц, Ајзенкот и Халеви, исто така, се загрижени за заморот од војната и заморот на израелското општество и потребата да се обноват редовните и резервните единици во израелската армија.

Покрај војната во Газа, тие се повеќе се загрижени дека ситуацијата на северната граница и ограничениот конфликт со Хезболах може да излезе од контрола.

Затоа, според колумнистот Фафер, неопходно е да се стави крај на конфликтот во Појасот Газа и да се реши проблемот со Хезболах, преку голема воена операција или постигнување политичко решение преку дипломатски средства.

Најважно од сè, според авторот на анализата, е тоа што генералите знаат дека се намалуваат шансите затворениците што ги држеше отпорот во Газа да бидат вратени живи како што поминува времето и продолжува војната.

Иако авторот истакна дека прекинот на огнот нема да значи продолжен период на мир во Газа, тој смета дека следната рунда на конфликт со Хамас е неизбежна, но може да биде поограничена и не треба да се случи веднаш.

Поврзани содржини