ЖЕШТИНИТЕ ДОПРВА ДОАЃААТ Денеска до 35 степени

351

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, во југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

UV зрачењето ќе изнесува 8, а максималната температура ќе се искачи до 35-от степен.






Во Скопје денот ќе биде сончев и топол со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде 33 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст, а особено топло се очекува од почетокот на следната седмица.

Поврзани содржини