„ТЕРИТОРИИТЕ НЕ ВИ СЕ ГОЛЕМИ И ГУСТО СЕ НАСЕЛЕНИ“ Путин им се закани на европските членки на НАТО

Рускиот претседател рече дека современите вооружени системи како што е ракетниот систем ATACMS не се управувани од украински војници, туку од висококвалификувани експерти на НАТО врз основа на податоци од сателитски извидувања.

934

Рускиот претседател, Владимир Путин и се закани на Европа со сериозни последици доколку на Украина ` се дозволи во иднина да користи прецизно оружје со голем дострел доставено од Запад врз руска територија.

-Тие претставници на НАТО, особено во Европа и особено во малите земји, треба да разберат со што си играат – рече Путин на крајот од неговата државна посета на Узбекистан.






Тој навести дека Русија може да преземе воени контрамерки и рече дека особено помалите земји не треба да заборават дека нивните територии не се големи и дека се густо населени. Путин, кој ја започна руската агресивна војна против Украина пред повеќе од две години, го обвини Западот дека продолжува со ескалацијата.

-Современите вооружени системи како што е ракетниот систем ATACMS не се управувани од украински војници, туку од висококвалификувани експерти на НАТО врз основа на податоци од сателитски извидувања – тврди тој.

Досега тоа оружје главно беше насочено кон украинската територија окупирана од Русија.

Поврзани содржини