ЗАПЛЕНЕТИ ФАЛСИФИКАТ ПАРФЕМИ ОД 4 МИЛИОНИ ЕВРА! Пратката пристигнала на романското пристаниште Констанца

Лажните парфеми во Романија пристигнале од Обединетите Арапски Емирати, утврдено е дека во контејнерот имало 18.000 парфеми кои можат да ги нарушат правата на интелектуална сопственост на познати брендови, соопшти романската гранична полиција.

383

Фалсификат парфеми во вредност од околу 4 милиони евра се запленети во романското црноморско пристаниште Констанца при контрола на граничните полициски и царински инспектори.

„На 23 мај, заеднички тим од гранични службеници на крајбрежната стража и царински инспектори од Царинското гранично биро во Констанца извршија физичка проверка на контејнер натоварен со стока што пристигнува од Обединетите Арапски Емирати, наменета за трговска компанија во Романија. По детални проверки, утврдено е дека во контејнерот имало 18.000 парфеми кои можат да ги нарушат правата на интелектуална сопственост на познати брендови“ – се вели во соопштението на Генералниот инспекторат на романската гранична полиција.






Стоката, која би чинела околу 4 милиони евра доколку се продава како брендирани производи, е запленета за вештачење и понатамошна истрага.

Поврзани содржини