ПАТОТ ОД УТРОБАТА ДО СВЕТОТ Како начинот на породување влијае на имунитетот на бебето

Начинот на кој се раѓаат бебињата може да влијае на нивниот имунитет подоцна во животот, како и на реакциите на лекови, вклучувајќи ги и оние кои спасуваат живот.

192

Една нова студија од Кина сугерира дека патот од утробата до светот, без разлика дали е

вагинален или хируршки, може да влијае на тоа колку добро функционира вакцината






против сипаници. Таа вакцина особено им е потребна на децата родени со царски рез, а

деталите се објаснети во анализата спроведена од научници од Универзитетот Кембриџ и

Универзитетот Фудан во Кина.

Вклучува податоци за испитување на имунитетот собрани од 1.505 мајки и нивните бебиња

во Кина, пишува Science alert.

Околу пет проценти од децата на кои им е дадена првата доза вакцина против мали

сипаници на возраст под една година не покажуваат одговор на антитела. Помеѓу 2013 и

2018 година, бебињата родени со царски рез во Кина имале 2,56 пати поголема веројатност

нивниот имунолошки систем да не реагира на вакцините против сипаници отколку

бебињата родени вагинално.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини