ЉУБОВ НА ПРВО ВКУСУВАЊЕ Малата Иларија проба мармалад од шипки
Се сеќавате на оние сликовници за Марика? Марика патува со авион, Марика прави она, Марика прави она…Епа во оваа приказна Марика е Иларија, локацијата е саем за домашни производи, а малечката Иларија дојдена со своите родители, за првпат проба мармалад од шипки. И толку! Беше тоа љубов на прво вкусување
Мирјана и Бранко Ангелески се брачна двојка неуморни пензионери кои немаат ниту минута време
за денгубење. Неоти мораат, ама велат, не им се седи без работа. Но, не е само тоа. Тие го
произведуваат најубавиот мармалад од шипки, како и други производи, како слатко од
капини, паста од глог, ем благо ем луто, сокови од шипки и капини, сите природни,
направени на традиционален начин, од убави и чисти производи набрани од Бабуна и
„спакувани“ во производ во нивниот „вилает“ во село Слепче, во подножјето на оваа
планина, поради кои луѓето постојано ги бараат, па сега и да сакаат – нема назад.
Целиот текст прочитајте го на „Арт кујна“.