НЕКОИ ВЕРУВААТ ДЕКА ТОЈ ЈА ВОДИ РУСИЈА Влијателниот Патрушев стана помошник на Путин
Пред да биде назначен за помошник на Владимир Путин, Николај Патрушев беше разрешен од позицијата секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, а на негово место ќе дојде Сергеј Шојгу, но со важна разлика, што неговата функција во суштина ќе биде повеќе од формална.
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ги потпиша указите за назначување на шефови на претседателската администрација, а за помошник на претседателот е назначен досегашниот секретар на Советот за безбедност и негов долгогодишен соработник од времето на КГБ, Николај Патрушев.
Путин за портпарол на Кремљ повторно го назначи Дмитриј Песков, пренесуваат руските медиуми.
За помошник на претседателот на Русија беше назначен и Алексеј Дјумин, поранешен гувернер на областа Тула.
Во најновите ротации во врвот на Кремљ, најголемо внимание привлекува улогата на влијателниот Николај Патрушев. Пред да биде назначен за помошник на Путин, Патрушев беше разрешен од позицијата секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, а на негово место ќе дојде Сергеј Шојгу, но со важна разлика, што неговата функција во суштина ќе биде повеќе од формална.
Од друга страна, иако самиот Патрушев официјално немал некоја значајна функција, всушност неговата улога била многу значајна. Тој е долгогодишен соработник на Путин и во последните години важеше за највлијателна личност во кругот на претседателот. Дел од јавноста и аналитичарите дури сметаа дека Патрушев всушност ја води државата наместо Путин. Секако, сето ова е во доменот на шпекулациите, нема вистински докази за такво нешто.
Во врска со војната во Украина, се верува дека Патрушев е клучниот човек кој се залагаше за нападот врз Украина. Иако формално функцијата секретар на Советот не е од големо значење, важно е да се разбере дека преку неа Патрушев можел да го контролира, односно да го надгледува целиот безбедносен блок. Патрушев на тој начин индиректно подготви можност да влијае на каква било одлука на Путин.
Самиот Патрушев, како и Шојгу, е личност која е во системот над 30 години. Врската меѓу него и претседателот Путин датира од претходните денови, а нивната соработка започна во 1999 година, кога Патрушев беше назначен за заменик директор на ФСБ на Владимир Путин. Кога Путин стана премиер во времето на Елцин, Патрушев ја презеде функцијата директор на ФСБ и беше на чело на разузнавачката служба во наредните 10 години.
Во тој период ги водеше практично сите „антитерористички акции“ во Чеченија. Од тој период се паметат ликвидациите на чеченските лидери. Практично веднаш по неговото назначување дошло до експлозии во станбени згради во Москва и во некои други градови, што било повод за започнување на „антитерористичка специјална операција“ во Чеченија или она што неофицијално се нарекува Втора чеченска војна. Иако имало терористички акции на Чеченци во внатрешноста на Русија, се верува (и има сериозни докази) дека акциите кои биле причина Русија да се справи со Чеченија биле дело на службите – односно на ФСБ.
Во мај 2008 година, тој ја презеде функцијата секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација, кога Дмитриј Медведев беше претседател на Русија. Во тој период се смета дека токму Патрушев му делувал на Медведев како „контролор“ кој во тоа време се позиционирал како многу полиберален од претходниот претседател Владимир Путин.
Откако Медведев и Путин ги сменија позициите, Патрушев остана секретар на Советот за безбедност. Во тој период тој беше експлицитно негативен кон Западот. Тој постојано зборуваше за „намерна ескалација на тензиите“ од западните земји на границите со Русија, за „гебелсовите“ методи на антируска пропаганда, како и за поддршката на националистичките движења насочени кон создавање закана за Русија.
Николај Патрушев исто така остро го критикуваше и го обвини Западот за дестабилизација на Украина, а оваа реторика стана уште поостра во 2014 година, по соборувањето на Виктор Јанукович. Тој тогаш рече дека на власт дошле штитениците на Западот и дека суверенитетот на Украина е изгубен. Неколку месеци пред почетокот на руската инвазија, Патрушев во Москва се сретна со шефот на ЦИА, Вилијам Барнс. Советот извести дека разговарале за билатералните односи.
Еден месец пред руската инвазија на Украина, Патрушев изјавите за заканата дека Русија ќе ја нападне Украина ги нарече „апсурдни“. Потоа ги обвини САД дека се подготвени „да се борат до последниот Украинец“ и дека Русија „не сака војна во Украина“ наметната од Западот.