УШТЕ ВАЖИ ИЗРЕКАТА „ДОЛЖЕН СИ КАКО ГРЦИЈА“ Оваа земја со долг од 162% од БДП е најзадолжена во Унијата
Висок долг имаат и Италија со долг од 137,3% од БДП, како и Франција со долг од 110,6% од БДП.
Во последниот лански квартал јавниот долг на земјите од еврозоната падна од 89,9%, објави денеска Евростат.
Во Европската унија, јавниот долг на крајот на четвртиот квартал од 2023 година изнесува 81,7%од БДП, што претставува намалување за 0,7% во однос на претходниот квартал.
Најголем дел од јавниот долг го сочинуваат обврзниците, поточно 83,4% во еврозоната и 82,9% во Европската унија.
Најзадолжена земја во Европската унија на крајот од четвртиот квартал на ЕУ е Грција со долг од 161,9% од БДП, потоа Италија со долг од 137,3% од БДП, како и Франција со долг од 110,6% од БДП.
За разлика од нив, најмалку задолжена земја од еврозоната е Естонија со долг од 19,6% од БДП, потоа Бугарија со долг од 23,1% од БДП и Луксембург со 25,7 % од БДП.