СРБИТЕ ГО ОСЛОБОДИЈА КОСОВСКИОТ ПОЛИЦАЕЦ Јанковиќ се врати дома, соопшти шефицата на косовската дипломатија

Јанковиќ во средата беше уапсен на границата меѓу Косово и Србија, поточно на преминот Јариње, а потоа спроведен до Рашка.

312

Заменик генералниот директор на косовската полиција Дејан Јанковиќ се врати во Косово, соопшти косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала, јавуваат приштинските медиуми.

Јанковиќ во средата беше уапсен на границата меѓу Косово и Србија, поточно на преминот Јариње, а потоа спроведен до Рашка.






Гервала претходно апсењето на Јанковиќ го нарече „очајнички чин на одмазда од Србија по масовното гласање на Парламентарното собрание на Советот на Европа“ за прием на Косово во таа организација.

Поврзани содржини