ИСЧИСТЕТЕ ГИ ОДВОДНИТЕ ШАХТИ, НЕ ОСТАВАЈТЕ МАТЕРИЈАЛИ ШТО МОЖЕ ДА ОДЛЕТААТ! Предупредување од ЦУК за опасностите од најавените силен ветер и пороен дожд

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

406

Паради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места, ЦУК апелира на внимателност, редовно чистење на локалните одводни канали, да не се фрлаат отпадоци во нив, а таму каде што ги има да се исчистат, бидејќи може да направат брана и да се излее водата од нив.

Бидејќи се очекува и силен ветар, истовремено се упатува апел да се внимава на работите што може да „одлетаат“ од градбите во населбите и особено на градбите што се во изградба, на градилиштата, треба да се обезбедат сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓе коишто се во околината.  Ако се престојува на планина препорачливо е да се има доволно гориво во возилото и да се внимава на планинските патишта.






Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Поврзани содржини