НИКОГАШ НЕМА ДА КАЖАМ КАДЕ Е ТЕЛОТО! Таткото на убиецот на Данка не сакал да соработува со истражителите

Како што неофицијално се дознава, таткото на осомничениот Дејан за убиството на малата Данка Илиќ од Србија, Раде Драгијевиќ, одбива да соработува со полицијата и не сака да ја открие локацијата на која е закопано детето.

1,526

Таткото на осомничениот Дејан за убиството на малата Данка Илиќ од Србија, Раде Драгијевиќ, вели дека се заколнал оти никогаш нема да ја открие локацијата каде е закопано девојчето, тврди српскa Република, повикувајќи се на тврдење на неименеуван извор за српски Телеграф.

– Никогаш нема да кажам каде е телото на Данка – им рекол таткото на истражителите во распитот.






Таткото Раде исто така е во притвор, а од целото семејство само мајката е на слобода, но и таа била повикана на информативен разговор.

Според неофицијални информации, синот на Раде, братот на осомничениот Дејан, Далибор Драгијевиќ, пред да почине во притвор признал дека со брат му и со татко им го распарчиле телото на Данка, кое потоа го однеле на локација позната само ним, како и дека таткото потоа повторно се вратил и го преместил телото, а на синовите не им кажал каде го однел.

Српските медиуми пишуваат и дека, наводно, мајката Светлана Драгијевиќ наводно денеска е однесена на тајна локација за да даде исказ и да каже што знае за убиството на двегодишното девојче.

Дејан Драгијевиќ (50), од селото Злот кај Бор, е главен осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), а неговиот татко Раде (73) и сега починатиот брат Далибор (40) се осомничени дека му помогнале да се скрие телото на девојчето. Се проверува дали Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан, покрај Раде и Далибор, имале и други соучесници во пренесувањето на телото на покојната Данка.

Според истрагата, осомничените за убиството неколкупати го преместувале телото на Данка.

Денеска полицијата и жандармеријата го пребаруваа просторот од селото Злот до селото Шумраковац каде има неколку депонии и резервоари со вода.

Данка исчезна на 26 март во дворот на викендица во Бањско Поље, а минатата недела Србија ја потресе страшна вест дека Данка е убиена.

Потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ од Бор продолжува.

УБИЈЦИТЕ НА ДАНКА ИМАЛЕ СОУЧЕСНИЦИ И ТЕЛОТО Е ПРЕМЕСТУВАНО ПОВЕЌЕ ПАТИ!? Продолжува потрагата за двегодишното девојче од Бор

 

Поврзани содржини