СОМНИТЕЛНА ТОРБА ВО ХОТЕЛОТ „МОСКВА“ ВО БЕЛГРАД Специјалците на нозе

Државјанинот на Романија, кој го оставил сомнителниот ранец, ќе биде повикан во просториите на полицијата.

1,656

Дојава за сомнителна торба во хотелот „Москва“ во Белград, Србија, денеска ги крена на нозе припадниците на специјалните единици, објави српскиот Блиц.

– Видов црна торба во холот на хотелот, па ја отворив и видов метална кутија во неа и еден енергетски пијалак. Помислив дека внатре има експлозив, па веднаш го изнесов црниот ранец на клупа во паркот – изјави сведок.






Тој веднаш повикал полиција. Голем број полицајци дошле на самото место. На терен дошле и контра-субверзивни единици.

– Необучена патрола за работа со експлозиви дојде во првиот миг, а по неа дојде и друга екипа. Ја зедоа црната кутија и ја однесоа на вештачење. Државјанинот на Романија, кој го остави сомнителниот ранец, ќе биде повикан во просториите на полицијата – додаде сведокот.

Според првите независни сознанија, припадниците на специјалните едници заклучиле дека во торбата нема ништо сомнително.

Инаку, денеска е зголемено е присуството на патроли на воена полиција на плоштадите, парковите и на улиците на поголемите градови, трговските центри, железничките станици, Белградскиот саем и други фреквентни места во Србија.

Министерството за одбрана (МО) соопшти дека вооружените сили на Србија, заедно со Министерството за внатрешни работи и безбедносните служби, преземаат мерки на претпазливост и превентивни активности за зголемување на безбедноста на граѓаните, објектите и институциите на Република Србија.

 

Поврзани содржини