СНААТА НА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА КОЈА БОЛЕДУВА ОД РАК Ѝ СЕ ОБРАТИ НА КЕЈТ Сара Фергусон ѝ упати моќна порака, зборовите одекнуваат
Војвотката од Јорк вчера се огласи на Инстаграм и испрати моќна порака до Кејт Мидлтон, која на 22 март му соопшти на светот дека боледува од рак. Оваа порака веднаш наиде на голем одзив.
Снаата на кралицата Елизабета Втора, Сара Фергусон, која по разводот со принцот Ендру повторно почна да живее заедно со нејзиниот (поранешен) сопруг, води вистинска лавовска борба бидејќи неколку месеци по ракот на дојката ѝ беше дијагностициран меланом (рак на кожата), претходно оваа година. Војвотката од Јорк вчера се огласи на Инстаграм и испрати моќна порака до Кејт Мидлтон, која на 22 март му соопшти на светот дека боледува од рак. Оваа порака веднаш наиде на голем одзив.
Сара Фергусон го напиша следново за Кејт Мидлтон и нејзината битка со ракот: „Сите мои мисли и молитви се со принцезата од Велс, која почна со лекувањето. Знам дека ќе биде опкружена со љубовта на своето семејство и сите се молат за најдобар исход. Како некој кој ја води својата борба со ракот во последните неколку месеци, се восхитувам поради начинот на кој таа јавно зборуваше за својата дијагноза и знам дека тоа ќе направи многу добро за да се подигне свеста. Се надевам дека сега ќе ѝсе даде простор, приватност и време да се излекува“.
На Кејт Мидлтон ѝ беше дијагностициран рак откако во јануари имаше тешка операција на абдоменот, иако на почетокот се мислеше дека не е во прашање канцерогена болест, понатамошните анализи покажаа дека се работи за рак. Лекувањето започна на крајот на февруари. Детали за видот и стадиумот на малигното заболување нема да бидат објавени.
На Сара Фергусон ѝ беше дијагностициран агресивен облик на рак на кожата кон крајот на јануари, откако беа отстранети неколку бенки во текот на реконструктивната операција, која следеше по мастектомијата (отстранување на градите) во јуни.
Потоа беше подложена на дополнителни анализи за да се утврди стадиумот на ракот (таа на Инстаграм посочи дека болеста била дијагностицирана навреме). Нејзиниот лекар рече дека дијагнозата на меланом била вознемирувачка по осумчасовната мастектомија на која била подложена Сара Фергусон. Нејзиниот пријател го опиша овој пресврт на настаните како голем шок.
Војвотката од Јорк напиша на Инстаграм: „Одвојувам малку време за себе бидејќи ми беше дијагностициран меланом, форма на рак на кожа, што е моја втора дијагноза на рак во рок од една година откако ми беше дијагностициран рак на дојка ова лето и имав мастектомија и реконструктивна хирургија. Благодарение на големата будност на мојот дерматолог меланомот беше фатен кога се појави. Секако дека уште една дијагноза на рак беше шок, но јас сум благодарна за многуте пораки за љубов и поддршка. Верувам дека моето искуство ја нагласува важноста од проверка на големината, обликот, бојата и текстурата на новите бенки кои можат да бидат знак за меланом, и ги повикувам сите што го читаат ова да бидат ревносни.“