„НЕ МИ СЕ ЈАВУВАШЕ ЦЕЛ ЧАС, ЖИВ НЕ БЕВ ДОДЕКА НЕ ГО СЛУШНАВ“ Вучиќ откри дека неговиот син се наоѓал во Москва за време на нападот
Прво не ми се јавуваше скоро еден час. Потоа ми се јави и се слушнавме. Жив не бев додека не ми се јави. Москва е под полна контрола на специјалците, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.
Постариот син на српскиот претседател Александар Вучиќ се наоѓал во Москва во моментот кога во концертната сала се случил терористичкиот напад во кој убиени се 40 лица, а повредени се над 100 луѓе.
Тој бил таму за да го проследи фудбалскиот натпревар помеѓу Русија и Србија, објасни српскиот претседател, жалејќи се дека подолго време не можеле да стапат во контакт поради целиот тој хаос со пукотниците.
– Прво не ми се јавуваше скоро еден час. Потоа ми се јави и се слушнавме. Жив не бев додека не ми се јави. Москва е под полна контрола на специјалците – рече Вучиќ.
Тој додаде дека утре се игра и натпреварот Црвена звезда – Зенит, и дека тој натпревар е под висок безбедносен ризик.
– Птица нема да може да прелета и да ги загрози гостите или домаќините. Ќе бидеме немилосрдни кон секој што сака да ни ја загрози безбедноста – порача српскиот претседател.