ИЗБЕРЕТЕ НОТАР И ДА ПОТПИШЕМЕ Албанската опозиција прифаќа губитникот од изборите да се повлече од политиката

На 24 април и 8 мај aлбанскиот народ ќе се потпише на потврдата за политичка пензија на Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и нивните соработници, велат од ВРЕДИ и ја повикуваат ДУИ да избере нотар каде партиите ќе потпишат дека губитникот ќе се повлече од сцената по изборите.

556

Коалицијата ВРЕДИ на албанските опозициски партии одговори на изјавите на министерот за економија Крешник Бектеши од ДУИ кој денеска предложи сите партии во Македонија да потпишат дека ќе се повлечат од сцената ако изгубат на претстојните избори. ВРЕДИ ја повика ДУИ да избере нотар и да потпишат ваква изјава:

„На 24 април и 8 мај aлбанскиот народ ќе се потпише на потврдата за политичка пензија на Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и нивните соработници. Ваквите блеферски обиди на исплашеното раководство на ДУИ да го сокријат стравот од промените кои ќе се случат, не поминуваат никаде, бидејќи ништо повеќе не зависи од нив.






Меѓутоа, ВРЕДИ нема да дозволи ни најмал простор за сеење магла. Ги повикуваме Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби да изберат нотар и тајминг каде ќе се потпишеме на изјави дека кој изгуби нема право да се занимава никогаш повеќе со политика“, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

ДУИ ИМ ФРЛИ РАКАВИЦА НА ДРУГИТЕ ПАРТИИ Јавно да потпишат договор – тој што ќе изгуби да се повлече од политичката сцена

 

Поврзани содржини