„КОГА СЕ ВРАЌАМ ОД РАБОТА, НАЈМНОГУ САКАМ ЛЕБ И ПАШТЕТА“ Нашиот Никола Петревски е готвач во Мишелин ресторан во Виена

Ресторанот во кој работам (Palais Coburg Residenz) е со 2 Мишелин звезди. За вечера мора да одвоите од 220 до 360 евра, без пијалак, додека комплетна тура за двајца, значи, со посета на винаријата и дегустација би требало да одвоите околу 1.500 до 1.800 евра, раскажува стружанецот Никола Петревски за „Арт кујна“

1,176

Иако работи во ресторан со две Мишелин ѕвезди, нашиот соговорник Никола Петревски, вели дека работата таму не изгледа баш како во филмовите, а стрес има само ако не сте фокусирани или ако не сте доволно брзи.
„Стрес нема ако имате доволно концентрација и брзина на работа, така на пример, секој од нас има задачи за дента кои треба да ги заврши во одреден рок, на пример, за 13 минути, за 44 минути и така натаму. Во ресторанот имаме само вечера, па јас работам од утринските часови, потоа имам пауза па се враќам пак за време на ручек, околу 16 и 30 часот, за дополнителна припрема на вечерата. Значи, тука малите ситници одземаат повеќе време (декорации и слично), но секој има свои задолженија. Јас сум во делот на ладната кујна, но има јадења за кои мора да се усогласиме со колегите кои се задолжени за топлата кујна“, објаснува Никола.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“

Поврзани содржини