ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ РАМИЗ МЕРКО Предистражната постапка за набавката на „аудито“ била макотрпна

645

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко во врска со набавката на луксузниот автомобил „ауди“, соопштија од ОЈО ГОКК на денешниот брифинг со новинарите.

Според обвинителката која постапува по случајот, иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција, стигнала малку подоцна, а предистражната постапка била макотрпна.






– Поднесено е обвинение против Рамиз Мерко, по иницијатива на ДКСК, која стигна малку подоцна. Предистражната постапка беше макотрпна и конечно прибравме доволно докази. Обвинението се однесува на „злоупотреба на службена положба“ по однос на аудито, член 353 став 3 во врска со став 1 – рече обвинителката.

Антикорупциска во 2020 година поднесе иницијатива за кривично гонење на Мерко за набавката на патнички возила, меѓу кои и „ауди А6“ вредно 67.000 евра, но Обвинителството тогаш го затвори случајот во фаза на предистрага, иако и ревизорите утврдија дека тендерот е спроведен во време на финансиска нестабилност на Општина Струга.

Мерко во меѓувреме беше ставен на црната листа на САД поради корупција.

Поврзани содржини