В ЧЕТВРТОК ЌЕ СЕ РАСИПЕ ВРЕМЕТО До среда ќе биде облачно, ама топло

Како што соопшти УХМР, до среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен до краткотрајно засилен ветер од јужен правец.

811

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.






Како што соопшти УХМР, до среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен до краткотрајно засилен ветер од јужен правец.

Во ноќта кон четврток ќе започнат врнежи од дожд кои во четврток се очекуваат да бидат наместа пообилни и проследени со засилен јужен ветер.

Поврзани содржини