ИЛОН МАСК ЌЕ ГО ИСКЛУЧИ ТЕЛЕФОНОТ Во иднина ќе комуницира само преку својата платформа

Во текот на следните неколку месеци ќе го укинам својот телефонски број и ќе користам само „X“ за своите текстуални пораки и аудио и видеоповици, објави Илон Маск на својата платформа.

857

Американскиот милијардер Илон Маск на својата платформа Х, порано Твитер, објави дека во текот на следните неколку месеци ќе го исклучи својот телефон и ќе комуницира само социјалната мрежа.

Маск има амбиции неговата социјална мрежа да стане апликација за сè – од комуникации па се до плаќања кои би можеле да ги заменат паричниците, но и сите други комуникациски платформи. Па дури и – телефонските броеви. Неговата платформа X кон крајот на минатата година воведе можност за аудио и видеоповици, при што треба да се нагласи дека сите можат да примат такви повици, но не и да ги обавуваат тие повици. Таа опција е резервирана само за претплатниците на таа социјална мрежа.

Еден од првите претплатниците кој својата комуникација речиси во целост ќе ја префрли на поранешен Твитер секако, е Илон Маск.

„Во текот на следните неколку месеци ќе го укинам својот телефонски број и ќе ја користам само X платформата за своите текстуални пораки и аудио и видеоповици“ – објави кон крајот на неделата Илон Маск на својата платформа.

Нема сомннение дека ова е начинот на кој Маск сака да се рекламира, односно да ги популаризира овие можности на платформата Х, бидејќи многумина сè уште не ја гледаат оваа социјална мрежа како конкурент на WhatsApp, Viber, Signal и другите комуникациски платформи, но исклучиво како место за објавување и коментирање на текст, слики и видео објави.

Воведувањето на опцијата за телефонски повици на таа мрежа не значи дека сега може да ви се јават сите претплатници кои сакаат, туку корисниците и натаму имаат контрола над лицата кои можат со нив да стапат во контакт преку таа мрежа.

Информациите за бројот на претплатници кои всушност користат X за остварување повици не се познати, а ќе биде интересно да се види дали оваа објава од Маск ќе ги мотивира барем да ја испробаат неговата мрежа за гласовни и видео повици.

Во компанијата се надеваат дека работите ќе се стабилизираат и дека со време новите опции ќе привлечат голем број на корисници.

Откако Маск го презеде Твитер (и подоцна ја преименува во Х), социјалната мрежа се карактеризира со бројни подеми и падови, со бројни критики, загуба на огласувачи и со соодветен пад на приходите. Според податоците од почетокот на годината, откако Маск го презеде Твитер, вредноста на таа компанија паднала за цели 70%.

Поврзани содржини