ИНЦИДЕНТ НА БИТ ПАЗАР Нападнат полициски службеник
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок за напаѓачот.
Полициски службеник вчера бил физички нападнат на подрачјето на Бит Пазар од 34-годишно лице кое го приведувал.
„На 12.02.2024 во 16.30 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода М.Т.(34) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“ – стои во известувањето од МВР.