ЗА 6 ГОДИНИ ВЛАСТА СОЗДАЛА 56 НОВИ ИНСТИТУЦИИ Андоновски вели дека во нив се вдомиле партиски војници

860

Лицемерно е да се нарекуваат европска Влада и само Европа им е во секој дискурс, а во исто време клучната работа која што Европа ја бара од Македонија во делот на реформа во јавна администрација за реорганизација да не се случува. Но затоа во овие 6 години за секој помал проблем или за секој партиски војник имаме нова институција. Не само што не се скратени тие што постоеле туку се создадени 56 нови институции во последниве 6 години од кои 16 се органи на државната управа, изјави заменик министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски за Сител.

– Она што треба да се направи, а го бара и СИГМА, Евопската комисија и меѓународните организации е таа оптимизација и реорганизација, намалување за 10 до 15 отсто од институциите. Поврзување меѓусебно за една надлежност да биде исклучиво во надлежност на една институција. Втората многу значајна работа од таа реформа е целосна дигитализација и автоматизација на процесите со цел сите услуги за граѓаните и бизнисите да бидат достапни со еден клик – рече тој.






Андоновски вели дека на само 97 дена пред избори сакаат да донесат закони кои не ги решаваат горенаведените проблеми.

– Напротив во законите е предвидено без никаква потреба создавање на 2 нови институции, двајца нови директори, две нови комисии која ќе брои со по 5 и 7 членови со неверојатно високи примања, а тоа значи службени автомобили, секретарки и најразлични дополнителни трошоци – дециден е Андоновски.

Тој дополни дека со донесувањето на новите закони би се создала дискриминација во системот на плати и награди затоа што само определен број од вработените во министерствата и во секретаријатите би земале определено покачување од 15 отсто, додека најголемиот дел од администрацијата ќе остане со истата плата. Се предвидува и дискреционо право на министерот да одлучи на кого ќе му даде 30 отсто додаток на плата, без мерливи и објективни критериуми.

– Се укинува можноста за трансфер од една во друга институција, со што се овозможува појава за технолошки вишок. Се создава простор за формирање на нови сектори. Каков што е и случајот во МИОА воспоставени се 6-7 нови сектори и над 20 нови одделенија од 2020 до денес, со цел да се наградат тие што биле подобни. За жал овие закони не ги решаваат суштинските проблемите што ги имаат граѓаните. Иако се со Европско знаменце и е кратка процедувата барам да се вратат законите во редовна постапка со цел да имаме можност да направиме соодветни измени на овие закони – кажа Андоновски.

Поврзани содржини