НЕ САКАЛ ДА ГО ЛЕГИТИМИРА ПОЛИЦИЈАТА Возач бегајќи со автомобил удри во полицаец

Инцидентот, како што соопшти МВР, се случил синоќа околу 22.00 часот на подрачјето на Чаир.

423

Полициски службеници синоќа испукале два куршума во обид да спречат возач да избега, информира МВР.

Инцидентот, како што соопшти МВР, се случил синоќа околу 22.00 часот на подрачјето на Чаир кога полицајците се обиделе да ги легитимираат лицата во возилото, но кога се приближиле до него, возачот го стартувал возилото со кое удрил еден од нив.






„Полициски службеници од СВР Скопје се доближиле до патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., за да извршат легитимирање на лицата во возилото. Притоа, возачот го стартувал возилото и удрил еден полициските службеници, по што полициски службеници испукале два куршума. Набргу, возилото застанало, а лицата го напуштиле местото“, наведува МВР во соопштението.

Оттаму информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини