📽 НЕКОЈ КОНЕЧНО ЈА СНИМИЛ ТАЈНАТА РЕЗИДЕНЦИЈА НА ПУТИН Главниот објект е исклучително модерен објект!
Новинарите претпоставуваат дека за заштита на Путин на имотот бил инсталиран противвоздушниот систем „Панцир С-1“, на само 35 километри од границата со Финска. Има и две хелиодроми, неколку докови, фарма за пастрмка, дури и стадо крави за производство на говедско месо...
Испитувачите на центарот „Досие“ успеале со дрон да го снимат тајниот имот на Путин во Карелија, република во северозападниот дел на Русија, долж границата со Финска. Ова е прв пат имотот да биде детално фотографиран откако започна неговата изградба пред 10 години, пишува британски „Телеграф“.
„Тајната северна резиденција на Путин во Карелија навлегува во повеќе заштитени подрачја, а нејзината територија е веќе двојно поголема од Монако“, напиша на Икс Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.
„Путиновата дача“ во Карелија е позната од 2016 година, но до сега немаше детални фотографии и видеа. Неговите пријатели милијардери од Санкт Петербург, меѓу кои беше и Јуриј Ковалчук, почнаа да ја градат резиденцијата пред повеќе од десет години. Мештаните велат дека Путин овде се појавува барем еднаш годишно, по посетата на манастирот Валаам.
Putin’s secret Northern Residence in Karelia is encroaching on more and more protected lands, and its territory has already doubled that of Monaco.
Investigators of the Dossier Center managed to have a look at the renovated interiors of “Putin’s dacha” in Karelia 10 years after… pic.twitter.com/8zk2mtexlX
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 30, 2024
Според објавените документи, површината на резиденцијата е околу 1 квадратен километар, но земајќи ги предвид затворените шуми и заливи, вистинската површина е околу четири квадратни километри.
Водопадот Марџалахти, кој е висок четири метри, треба да биде дел од националниот парк, но пристапот до него е ограничен со ограда со бодликава жица и деноноќно обезбедување. Наспроти водопадот беше поставен летниковец за „сопственикот на водопадот“ за Путин да може сам да му се восхитува на бисерот на националниот парк, напиша Герашченко.
Во околината има три згради – колиба за рибари, штала и градина. Но, по изглед објектите не личат на колиба или штала, туку се изградени во модерен стил. Во близина на една од куќите има насип кој бил изграден по почетокот на војната.
Новинарите претпоставуваат дека за заштита на Путин на имотот бил инсталиран противвоздушниот систем „Панцир С-1“. Има и две хелиодроми, неколку докови, фарма за пастрмка, дури и стадо крави за производство на говедско месо…
Како што пишува Телеграф, има и фабрика опремена со австриска опрема за производство на пиво вредна речиси 300.000 фунти и чајџилница. Според извештајот, имотите се украсени со скапи бидети, тушеви и италијански мермерни подови Fior di Bosco.