РАСТИТЕЛНИ ИЗВОРИ НА ОМЕГА-3 Седум најдобри вегански извори на супер здрави масти

Омега-3 масните киселини се неопходни за оптимално здравје. Освен што го штитат здравјето на срцето, тие придонесуваат за густината и силата на коските и за менталното здравје. Најдобриот растителен извор на омега-3 е прокељот кој во само една чаша содржи дури 87 милиграми алфа-линоленска киселина (АЛА)

413

Многу луѓе се прашуваат како веганите, кои не јадат риба, како лосос или туна, можат да добијат доволно количество важни омега-3 масни киселини. Добрата вест е дека постојат навистина одлични растителни извори на овие супер-здрави масти, меѓу кои спаѓаат и DHA, ALA и EPA.

Некои од овие извори се, на пример, ореви, ленено и чиа семе и прокељ.






Затоа, ако сте веган или вегетаријанец, не мора да се плашите од нивниот недостаток.

Запознајте ги најдобрите вегански извори на омега-3.

Масти клучни за оптимално здравје

Препорачаната дневна доза на омега-3 за жените е 1,1 г, додека за мажите е нешто повеќе – 1,6 г.

Омега-3 масните киселини се неопходни за оптимално здравје. Нивната улога во телото е разновидна. Освен што го штитат здравјето на срцето, тие придонесуваат за густината и силата на коските и за менталното здравје.

Тие ги намалуваат воспалителните процеси, го подобруваат квалитетот на сонот, ги ублажуваат симптомите на артритис (ја намалуваат болката во зглобовите) и исто така можат да го намалат ризикот од рак.

Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини