📷 СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА САМАНТА ФОКС? Некогаш по неа сите воздивнуваа, сега ја апсат пијана
Саманта Фокс ја поминала ноќта во затвор по „пијаното дивеење“ на летот на Бритиш ервејс од Лондон до Минхен.
Некогаш популарната пејачка и секс симбол од 90-тите години, Саманта Фокс, ја помина ноќта во затвор по „пијаното дивеење“ на летот на Бритиш ервејс од Лондон до Минхен, пишува Дејли мејл. 57-годишната поп икона се качила во авионот каде наводно се скарала со патник.
Извори за весникот Сан изјавиле дека Саманта „излетала“ од авионот, принудувајќи го авионот да се сврти на пистата и да го одложи полетувањето на лондонскиот аеродром Хитроу.
View this post on Instagram
Полицијата потврди дека жена на околу 50 години била уапсена под сомнение дека била под дејство на алкохол и предизвикала скандал во авионот, а потоа е ослободена со кауција.
Пејачката рече дека „длабоко жали за сите непријатности“ и ѝ помага на полицијата во истрагата. Додека таа ја поминала ноќта во затвор, нејзините придружници биле принудени да ја поминат ноќта во хотел пред да можат да заминат на своето патување еден ден подоцна.
Апсењето и скандалот во алкохолизирана состојба доаѓа во тежок период за Саманта Фокс која се бори да се справи со тагата по загубата на нејзината помлада сестра Ванеса која почина во март минатата година на 50-годишна возраст, девет дена откако падна во кома во својот дом по срцев удар.
View this post on Instagram
Саманта и Ванеса беа единствени сестри и беа исклучително блиски пред трагичната смрт. Само еден месец пред смртта на Ванеса, Саманта Фокс во јавноста проговори за смртта на нејзината партнерка, Мајра Стратон, со која беа заедно 16 години. Мајра почина во 2015 година по битка со ракот, а Саманта призна дека „не сакала да им покаже на луѓето“ дека се дави во тага по нејзината смрт.
Пејачката и поранешна манекенка призна дека две години се борела со „глумење среќа“ и дека „не може да напише ниту една песна“.
View this post on Instagram
Откако повторно се вљуби во својата нова сопруга Линда Олсен (50), Саманта откри дека е подготвена да и се врати на музиката, но тогаш се се соочи со нова загуба по смртта на нејзината сестра.