📽 СО 230 КМ НА ЧАС ПРАВО ВО ПАТАРИНА 21-годишник во Хрватска воопшто не закочил!

На местото на несреќата немало траги од кочење.

638

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа во средата наутро кога со автомобил удрил во наплатна рампа кај Запрешиќ на автопатот А2, извести загрепската полиција.

Неофицијално се дознава дека се работи за 21-годишен млад човек, кој со брзина од 230 км/час удрил во бетонска барикада. На местото на несреќата немало траги од кочење. Полициската истрага е завршена, јавува ХРТ.






Несреќата се случила околу 5.40 часот на автопатот А2 во правец кон градот Запрешиќ на северот од земјата.

Поврзани содржини